Пет натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 47.9, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.35.
Велс како фаворит патува на мечот против Казахстан на гости, па квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако Велшаните ја оправдаат фаворитската улога и победат во меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола.
Турција како благ фаворит гостува кај Грузија, а понудената квота од 2.35 ќе биде добитна само ако гостите не загубат, но и ако се затресат двете мрежи.
Понудената квота од 2.10 за мечот помеѓу Холандија и Полска ќе биде добитна само ако домашните имаат водство на полувремето и на крајот победат, но и ако на мечот бидат постигнати помеѓу два и шест гола.
Германија е голем фаворит на гостувањето кај Словачка, па квотата од 2.20 ќе биде добитна ако Германците ја оправдаат улогата која ја имаат, но и ако има најмалку по еден гол и во двете полувремиња.
Аргентина веќе го обезбеди пласманот на Светското првенство, па мечот против Венецуела ќе биде повеќе за публика отколку што ќе има резултатско значење. Квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако актуелниот светски шампион постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.