Репрезентацијата на Велс победи на гостувањето кај Казахстан со 1:0 во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година. Со оваа победа, Велс сега е лидер во групата со 10 бода од пет меча, пред Македонија, која останува на осум бода од четири дуела, и Белгија, која има четири бода, но само од два натпревари. Казахстан веќе е отпишан само со три бода од четири меча, додека на дното е Лихтенштајн без ниту еден бод и без ниту еден даден гол во три средби.
Велс беше дојден за победи на „Астана арената“ и на крајот гостите ги освоија трите бода. Клучниот момент на мечот се случи во 24-тата минута, кога Кифер Мур погоди за 1:0 за Велс. На крајот тој погодок на искусниот 33-годишен напаѓач од англискиот Врексам се покажа како клучен за победа на Велс.
Вечерва во нашата група ќе игра и Лихтенштајн против Белгија, а јасно е дека гостите ќе победат, но нема да има промена на местата на табелата.
Македонија ќе има шанси повторно да се врати на лидерското место во групата веќе в недела, кога во Скопје игра против Лихтенштајн. Со евентуални три бода од тој меч, Македонија ќе стигне до 11 бода и повторно на табелата ќе биде пред Велс.