Велс не дозволи кикс и со три бода доаѓа во Скопје

Репрезентацијата на Велс на свој терен го победи Казахстан со 3-1, па Велшаните исто како и Македонија со три бода ќе влезат во скопската битка во вторник против нашиот национален тим.

Головите за Велс вечерва ги постигнаа Даниел Џејмс (играч на Лидс) во 9-та минута, капитенот Бен Дејвис од Тотенхем на стартот на второто полувреме и Раб Матондо од Хановер во 91-ва минута. Гостите дадоа гол од пенал со кој имаа 1-1 на полувреме.

Велс е тим кој има само два порази на последните 23 меча од квалификации за Светско првенство, и јасно е дека македонскиот тим нема да има лесна задача со овој ривал полн со играчи од англиските Премиер лига и Чемпионшиш.

Според квотите во Sport Life, Велс е благ фаворит за победа на мечот во Скопје во вторник.

Инаку, другите два вечерашни мечеви од европските квалификации за СП завршија со резултат 2-1. Со овој резултат победија Чешка против Фарски острови како и Израел во дуелот со Естонија.

- Оглас -

Најнови вести