Велс се заканува, резултатот 0-0 на полувреме не е лош за Македонија

Нема голови по првото полувреме на дуелот Македонија – Велс, а според случувањата на теренот, овој резултат е поповолен за нашиот национален тим.

Велс имаше поголем посед на топката, повеќе шутеви кон голот, имаше една опасна ситуација кога нивен играч падна во 16-никот и бараше пенал, но Македонија е на 666 минути без примен гол.

Никола Серафимов доби жолт картон и нема да игра на следниот меч, а тоа е во јуни, во Скопје против Белгија.

- Оглас -

Најнови вести