7.8 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Велшаните имаат чудна традиција на асиметричен распоред при тимските фотографии (Фото)

Фудбалската репрезентација на Велс која задутре ни гостува во Скопје во меч од квалификациите за Светско првенство, е специфична по една работа која ја прават само тие и никој друг во светот.

Кога треба да се фотографираат пред натпревар, никогаш не се редат како што е вообичаено, шестмина позади кои стојат и петмина под нив напред кои клечат, и ова им е традиција, чудна за остатокот од светот.

Тие позираат во разни бизарни „неорганизирани“ формации, со пет играчи одзади и шест клекнати напред, но малку полево од оние што стојат со оставен слободен простор, еднаш се наредија само тројца што стојат и осуммина клекнати.

Тоа не го прават од суеверие, на лице место се договараат како ќе застанат, но никогаш не е организирана стандардна тимска фотографија.

Не само мажите, и женскиот национален тим на Велс со години го прави истото.

- Оглас -

Најнови вести