Тетовска Шкендија утре ќе игра против екипата на Хаверфордвест од Велс во првиот меч од квалификациите во Конференциската лига. Коефициентите во Sport Life покажуваат дека македонски тим никогаш не бил толку голем фаворит на една европска пресметка.
Дека гостите од Велс не се многу фокусирани на фудбалот, туку сакаат да уживаат во прошетката низ Скопје и да се забавуваат, покажуваат видеата кои се појавија на нивните официјални социјални мрежи.
На двете видеа се гледа како фудбалерите се наместени како да играат крикет и се радуваат меѓу многуте споменици кои ги има на плоштадот „Македонија“ во Скопје.