Велшаните се фудбалски фанатици, во Ѓорче Петров гледаа второлигашки меч (Фото)

Група од десетина Велшани денеска присуствувале на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардарски од втората македонска лига. Дуелот на лидерот и фенерџијата на табелата во второлигашкото друштво заврши со победа на домашните од 4-0.

Велшки навивачи кои пристигнале во Скопје на еден ден пред мечот Македонија – Велс покажаа дека се фудбалски фанатици, па и денеска заминаа на стадион, оној во Ѓорче Петров, и на дождливо време гледаа фудбал.

Видоа четири гола, беа задоволни од играта на домашните, а ова им беше само загревање за тоа што ќе се случува утревечер на Арената „Тодор Проески“.

- Оглас -

Најнови вести