Велшки Кардиф во битка до последен здив за опстанок во Англија

ПСЖ – Ница (сабота, 17 часот)

Светците ја освоија титулата во Франција, но очекувам да играат на победа. Играат во финиш на сезона што не им го донесе тоа што го очекуваа, посериозен пробив во Лигата на шампионите.

Ница игра добро во последно време во француското првенство, прими само еден гол на пет меча и сè уште има теоретски шанси за настап во Европа.

Сепак ПСЖ е голем фаворит и верувам во единица најмалку со три гола.

Предлог тип: 1&3+ (1.37)

 

Вердер – Борусија Дортмунд (сабота, 18.30 часот)  

Милионерите неочекувано кикснаа дома во минатото коло и сега само со сите победи до крај можат да се надеваат на евентуален кикс на Баерн и освојување на титулата.

Вердер немаше пораз во 2019 година до средината на април и потоа нанижа три по ред. Два против Баерн и во претходното коло од Фортуна Дизелдорф, па го загуби чекорот во битката за настап во Лигата на Европа.

Во Бремен Борусија нема пораз од 2014 година, а очекувам и сега да успее, да победи и да остане во трката за титулата со Баерн Минхен.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

Кардиф – Кристал палас (сабота, 18.30 часот)

Ова е натпревар да се биде или не за Кардиф. Само со победа можат да се надеваат дека ќе се спасат од најлошото.

Нивниот директен ривал Брајтон има два многу тешки натпревари до крајот, а доколку овде победи Кардиф, може да се надева во последното коло на чудо и да го добие мечот со фаворитот Манчестер јунајтед. Значи кец за продложување на надежите за домаќинот.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

Легија Варшава – Пјаст Гливице (сабота, 20.30 часот)

По добиеното дерби минатото коло против Лехија Гдањск, мојот поранешен тим и актуелен шампион е сè поблиску до одбрана на титулата.

Ова можеби е последниот потежок тест затоа што гостите играат одлично. Но, верувам во тимот што го предводи Александар Вуковиќ и одличната домашна публика. Со победа Легија ќе биде на чекор до одбрана на титулата.

Предлог тип: 1 (2.03)

 

Челзи – Ватфорд (недела, 15 часот)

Челзи уште е во трка за место кое води во Лигата на шампионите и затоа верувам во домашна победа. Во прилог им оди и фактот дека Ватфорд не знае за победа на Стемфорд бриџ.

На петте досегашни гостувања во Премиер лигата кај Челзи, Ватфорд има само едно реми и четири порази. Бодовите им се неопходни на домаќините и типувам дека ќе ги освојат.

Предлог тип: 1 (1.44)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести