Суперталентираниот француски кошаркар, Виктор Вембанјама, кој беше прв избор на годинешниот НБА-драфт, предизвика вистинска еуфорија кај навивачите на Сан Антонио кои во голем број го проследија првиот тренинг на тимот на подготовките за новата сезона.
Дури 13.000 навивачи вчера присуствуваа на тренингот на Сан Антонио со цел да го видат 19-годишниот кошаркар кој е висок 224 сантиметри и во кого го гледаат наследникот на Тим Данкан, и кој треба да го врати тимот во битката за титулата.
Victor Wembanyama takes the court. pic.twitter.com/iN5AAksoGC
— Andrew Lopez (@_Andrew_Lopez) October 7, 2023
https://twitter.com/i/status/1710779291493961917