6.8 C
Skopje
среда, 11 февруари 2026

Вембањама блескаше во триумфот против ЛА лејкерс

Кошаркарите на Сан Антонио спарс ги совладаа Лос Анџелес лејкерс со 136-108 благодарение на блескавата партија на Виктор Вембањама.

Вембањама на паркетот мина само 26 минути, но за тоа време успеа да постигне дури 40 поени. Французинот шутираше 13/20 од игра, а запиша и 12 скока.

Во редовите на ЛА лејкерс ги немаше Лука Дончиќ и Леброн Џејмс, но својата најдобра партија во кариерата ја одигра синот на Леброн – Брони.

Брони доби 25 минути на теренот за да се докаже и постигна 12 поени, а со шест асистенции беше најдобар асистент во редовите на поразениот тим.

Во текот на ноќта беа одиграни уште три натпревари. Хјустон, благодарение на 26-те поени на Кевин Дурант и 22-та поена на Алперен Шенгун, ги победи ЛА клиперс со 103-95.

Индијана по продолжение славеше на гостувањето кај Њујорк со 137-134, додека Феникс на домашен терен го совлада Далас со 120-111.

- Оглас -

Најнови вести