Лос Анџелес лејкерс го победи Вашингтон визардс со 134-131 во најинтересниот меч во НБА-лигата игран рано утрово, а тоа беше и единствен дуел на кој се играше продолжение од пет минути.
Ентони Дејвис со 40 и Леброн Џејмс со 31 поен беа предводници на Езерџиите. Со овие 27 поени, Џејмс се доближи само на 9 поени од границата од 40.000 поени во НБА-кариерата. Како што игра Кралот Џејмс, за очекување е тој да стане прв играч во историјата со 40 илјади поени на следниот меч на Лејкерс в сабота вечер против првакот Денвер нагетс.
Денвер го совлада Мајами хит со 103-97 во реприза на ланското големо финале во НБА. Никола Јокиќ имаше 18 поени, 11 скока и седум асистенции.
Историја испиша првиот пик на драфтот, Виктор Вембањама. Французинот стана првиот во историјата на НБА барем со 25 поени, 10 скока, пет асистенции, пет блокади и пет погодени тројки на еден меч. Со својот придонес од 28 поени, 13 скока, 7 асистенции и пет „банани“, тој придонесе за изненадувачка победа на Сан Антонио над Оклахома сити од 132-118. Спарс е најслаб тим на Западот, а Тандер е втор на табелата.
https://twitter.com/i/status/1763448880740327607