Вембањама: Ќе играм на ЛОИ, целта на Франција е да го освои златото!

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама, кој летово беше прв пик на драфтот во НБА-лигата и играч на кому му се предвидува блескава кариера поради предиспозициите што ги има, ќе настапи за својата репрезентација на олимпискиот турнир во Париз.

Олимписките игри во 2024 година ќе се одржат во главниот град на Франција и кошаркарскиот тим на Франција гледа шанса да направи успех, па дури и да го освои златниот медал.

На Светското првенство кое се одигра неодамна, Французите беа најголемо разочарување, не ја минаа ни групата, а Вембањама не беше во составот затоа што сака да се подготви за дебитантската сезона во НБА.

„Светското првенство беше разочарувачко, но нема да судам затоа што не играв. Ќе играм на олимпискиот турнир. Франција ќе има една цел на ЛОИ, тоа е златото“, вели Вембањама.

На ЛОИ во Токио, Франција играше финале.

- Оглас -

Најнови вести