3.8 C
Skopje
недела, 1 март 2026

Вембањама не можеше да го спречи поразот на Сан Антонио во „Медисон Сквер Гарден“

Кошаркарите на Њујорк никс славеа убедлива победа над Сан Антонио спарс со 114-89 на домашен терен во „Медисон Сквер Гарден“. Со овој триумф тие ја прекинаа серијата од 11 последовни победи на Спарс, кои беа непоразени во текот на февруари.

На гостите не им помогна ниту одличната партија на Виктор Вембањама, кој мечот го одбележа со атрактивно забивање преку Оу-Џи Ануноби. Французинот натпреварот го заврши со 25 поени, 13 скокови и две асистенции. Кај победничкиот тим се истакна Мајлс Бриџис со 25 поени и пет скокови, додека Џејлен Брансон запиша 24 поени, седум асистенции и четири скока.

По овој пораз Сан Антонио се наоѓа на втората позиција во Западната конференција со скор 43-17, додека Њујорк никс е третопласиран тим на Истокот со скор 39-22.

- Оглас -

Најнови вести