Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат само два натпревари, кои привлекуваат големо внимание кај кошаркарските фанови и за кои Sport Life подготви 161 комбинација за играње.
Во првиот дуел еден против друг ќе играат првиот избор од драфтот Виктор Вембањама и „грчкиот ѕвер“ Јанис Адетокумбо. Првиот дуел сезонава меѓу Сан Антонио и Милвоки се играше пред две недели и тогаш славеа Елените со 132:119. Тој меч Вембањама го пропушти поради повреда, но се очекува вечерва да игра и да има директен дуел со еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокумбо.
Квотата очекувано е на страната на Милвоки, кој е втор на Истокот со 24 победи и 10 порази и изнесува 1.28. Сан Антонио моментно се наоѓа на последното место во Западната конференција само со пет победи во 33 натпревари.
Во вториот меч ќе играат Голден стејт вориос и Денвер нагетс и тука квотите го фаворизираат гостинот (1.65).
Последниот дуел меѓу овие два тима се играше пред десет дена и го одбележаа поплаките на првата ѕвезда и на тренерот на Воините, Стеф Кари и Стив Кер, на критериумот на судиите. Тие се жалеа дека судиите премногу лесно суделе прекршоци врз Никола Јокиќ, кој изведе дури 18 слободни фрлања.
Покрај стандардните игри, тука е популарната игра „плус-минус“ поени за кошаркари. Вечерва има 14-мина кошаркари за кои може да погодувате дали ќе ја надминат или не предложената граница.