Виктор Вембанјама и Јанис Адетокумбо уфрлија по 40 поени и беа најзаслужни за победите на Сан Антонио и Милвоки. Французинот постигна речиси една третина од поените на Спарс во мечот против Далас на гостински терен кој го добија со 92-125. Воедно, Далас е единствената екипа од 24-те кои истрчаа на паркетот, а не ја мина границата од 100 поени.
Милвоки славеше со 133-120 над Вашингтон и тоа благодарение на 40-те на Јанис Адетокумбо, додека Филаделфија се врати од негатива од 13 поени во последната четвртина и победи на гостувањето кај Бостон со 116-117.
Резултати:
Шарлот – Бруклин 136-117
Њујорк – Кливленд 119-111
Орландо – Мајами 125-121
Атланта – Торонто 118-138
Бостон – Филаделфија 116-117
Чикаго – Детроит 115-111
Мемфис – Њу Орлеанс 128-122
Милвоки – Вашингтон 133-120
Јута – ЛА Клиперс 129-108
Далас – Сан Антонио 92-125
Феникс – Сакраменто 120-116
Портланд – Минесота 114-118