Екипите на Кливленд и Сан Антонио ја отворија вечерната НБА програма со вистинска драма, која на крајот им припадна на домашките кошаркари со 117-115.
Кошаркарите на Сан Антонио предводени од одличниот Вембанјама го започнаа мечот изненадувачки добро и го добија првиот период со 28-32. Сепак, екипата на Кливленд во вториот период ја направи клучната предност на овој меч, што на крајот значеше и победа за нив. Интересно, Сан Антонио ги доби третата и четвртата четвртина, но и тоа не беше доволно за поволен резултат.
Џерет Ален од Кливленд беше најефикасен на мечот со 29 поени, додека во поразената екипа најмногу поени постигна Виктор Вембанјама, 24.