13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Вендел од Зенит покажа како му изгледа ногата по дуелот со голманот на Малме (Вознемирувачко фото)

Вендел, фудбалерот на Зенит, по натпреварот со Малме, објави фотографија од неговата раскрвавена нога. Вендел повредата ја здоби во дуел со голманот на шведскиот тим, Јохан Далин.

Вендел изнуди пенал кој Ѕјуба не го искористи, но во 92-рата минута беше покажан уште еден пенал за Русите, па Зенит извлече 1-1, со што си обезбеди европска пролет во Лигата на Европа.

„Денеска беше војна“, напиша Бразилецот.

- Оглас -

Најнови вести