Стадионот „Ацтека“ во Мексико сити е местото на кое Диего Армандо Марадона ги имаше своите најблескави моменти во репрезентативната кариера, па Мексиканците во негова чест, пред голот на кој Марадона на славен начин двапати ја тресеше мрежата на Англија на Мундијалот во 1986 година ставија венец и фотографија од Диего со победничкиот пехар од Светското првенство.
Веста за Марадона предизвика тага во целиот свет, сите му оддаваат чест, на погребот се очекува да има над 1 милион луѓе, а и во Мексико имаа посебна љубов и почит кон славниот Аргентинец, кој за многумина е најдобриот фудбалер во историјата не само поради игрите и талентот, туку и поради неговиот однос кон фудбалот.
„Замина во Божјите раце“ – пишува над сликата, што е асоцијација на неговиот гол со рака против Англичаните за кој изјави дека бил постигнат со Божја рака.