Венеција освои златни бодови за опстанок, Фиорентина остана само со теоретски шанси за ЛШ (Видео)

Фудбалерите на Венеција дојдоа до бодови кои на крајот може злато да вредат во борбата за опстанок во Серија А. На домашен терен ја победија Фиорентина со 2-1 и ѝ го компликуваа патот до Лигата на шампионите, но и воопшто излезот во фудбалска Европа.

„Виолетовите“ остануваат на деветтата позиција после 36-тото коло со 59 бода, пет помалку од четвропласираниот Јувентус. Сепак, за Фиорентина ќе биде проблем да дојде до пласман и во Лигата на Европа или Конференциската лига.

За разлика од нив, Венеција со 29 бода сега е во сигурната зона, но со само бод предност од Лече, кој е 18-ти.

Победата за Венеција ја донесоа Фали Канде и Гаетано Ористано, додека почесниот погодок за Фиорентина беше дело на Роландо Мандрагора.

- Оглас -

Најнови вести