Венецуелска телевизија се обиде да повлече линија за офсајд и буквално се посрамоти (Видео)

Дуелот на Пуерто Сабељо и Португеса во првенството на Венецуела заврши без голови, 0-0, но во центарот на внимание се најде телевизиската куќа која го вршеше преносот од натпреварот. За овој меч не беше предвидено користење на ВАР-системот, па реализаторот на преносот на своја рака одлучил да повлекува линија за офсајд и буквално се посрамоти.

Домашните во 87-мата минута постигнаа погодок, но помошникот на главниот судија сигнализираше офсајд-позиција, која очигледно и ја имаше. Сепак, реализаторот на преносот се обиде да докаже дека судијата донел погрешна одлука.

- Оглас -

Најнови вести