14.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Венгер би ја сменил титулата на Непобедливите за трофеј во Лигата на шампионите

Арсен Венгер како менаџер на Арсенал имаше една прилика да се бори за пехарот во Лигата на шампионите, но неговите Топчии загубија од Барселона со резултат од 2-1 во финалето во 2006 година.

Фактот што никогаш не бил европски првак го смета за најголем неуспех во кариерата. Венгер толку многу се кае, што би ја сменил титулата од Премиер лигата освоена без пораз во сезоната 2003/04, за еден медал од најелитното меѓународно клупско натпреварување во Европа.

Венгер гостуваше во британска спортска радиоемисија, кога новинарот го праша дали се согласува со Реј Парлор, еден од неговите поранешни играчи во Арсенал, дека би ја сменил титулата на Непобедливите за трофеј во ЛШ.

„Секако дека да, но во фудбалот не можеш да бираш што ќе освоиш. Кога стигнавме до финалето во 2006 година, елиминиравме гиганти како Реал Мадрид и Јувентус, но во самиот финален натпревар игравме со 10-мина играчи во поголемиот дел од средбата која ја загубивме. Тоа е моето најголемо каење, бидејќи сум сигурен дека таа генерација на фудбалери на Арсенал заслужуваа да бидат европски шампиони“, истакна Венгер.

- Оглас -

Најнови вести