Венгер е петтата легенда на Арсенал која доби статуа пред „Емирати“

Пред стадионот на клубот денеска беше откриена бронзена статуа на легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, како го крева пехарот наменет за шампионот во Премиер лигата. Статуата е висока 3,5 метри и ја изработи Џим Гај, а е поставена пред трибината „Норт Банк“.

Французинот на клупата на Арсенал седеше од 1996 до 2018 година и освои три титули во Премиер лигата, од кои една на неверојатен начин, без ниту еден пораз.
Венгер го водеше Арсенал од клупата на 1.235 натпревари, а со Топчиите играше 20 сезони по ред во Лигата на шампионите.

Венгер ќе биде почесен гостин на Арсенал на натпреварот од Купот на Емиратите против Монако кој ќе се игра в среда и тогаш за првпат ќе ја види неговата статуа пред стадионот.

Ова е петта статуа пред стадионот на Арсенал, а пред Венгер статуи добија Тони Адамс, Денис Беркамп, Херберт Чепмен, Кен Фрaeр и Тиери Анри.

- Оглас -

Најнови вести