Венгер го „ограби“ Арсенал, доби повеќе пари дури и од Мурињо

Арсен Венгер помина 22 години на клупата на Арсенал, а минатата година доби отказ и на негово место беше доведен Унаи Емери. Бидејќи францускиот стратег не си замина самоволно од Арсенал, туку доби отказ, „топчиите“ беа должни да му исплатат пари од договорот кој го имаше потпишано.

Британските медиуми велат дека Венгер веќе добил 17,1 милиони фунти. Тоа всушност е целата сума која требаше Венгер да ја добие од договорот кој го имаше потпишано. Оваа сума значи дека Венгер добива повеќе пари од тоа што ќе го добие Жозе Мурињо за отказот од Манчестер јунајтед. Португалецот од Манчестер ќе добие 15 милиони фунти.

Од 22-ри септември 1996 година, во следните 22 години Венгер трипати беше првак на Англија, седумпати ја освои титулата во ФА купот, а исто толку трофеи има и во Комјунити шилд. Последниот меч Венгер на клупата на Арсенал го имаше на шести мај минатата година против Барнли, кога „топчиите“ победија со 5-0.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести