Раководството на Арсенал одлучи пред стадионот „Емирејтс“ да биде поставена бронзена статуа во чест на бившиот менаџер Арсен Венгер. Французинот го напушто клубот во летото 2018 година, после 22 сезони на тренерската клупа на лондонските Топчии, период во кој со тимот од северен Лондон освои три титули во Премиерлигата, од кои едната историска, без пораз.
Во желбата да му се заблагодарат на Венгер, од Арсенал решија да му кренат споменик. Освен бронзена фигура, Венгер може да добие и е една од трибините на стадионот „Емирејтс”, која ќе биде крстена по него. Многу фанови сметаат дека и стадионот треба да севика Арсен Венгер, но засега спонзорот е во предност.
По заминувањето од Арсенал, Венгер се вработи во ФИФА, како прв човек на одделот за глобален напредок на фудбалот. Што се однесува до стадионот на кој игра Арсенал, Венгер во една прилика изјави: „Изградивме нов стадион, но уште не моеме да си ја најдеме душата. Душата си ја оставивме на стариот Хајбери“.