Венгер: Кога дојдов во Арсенал, работеа луѓе, а сега…

Од 1996 до 2018 година, во периодот додека Арсен Венгер ја вршеше менаџерската функција во Арсенал, клубот толку многу се променил што веќе никој не можел да ги држи работите под контрола.

Претераниот раст на Арсенал донел и проблеми внатре во клубот. Затоа и поминаа 15 години од последната премиерлигашка титула на Топчиите.

„Кога дојдов во Арсенал, работеа 80 луѓе. Кога си отидов, имаше 750. Кога има толку многу луѓе во една организација, секој гледа да си се спаси самиот, не им е важен напредокот. Кога сте до кај 150 луѓе, има блискост, ги познавате и децата и сопругите на колегите. Моја најголема тага е што Арсенал од човечки, се претвори во нечовечки клуб со огромна администрација. Клубот постепено со текот на години ми се лизгаше од раце“, изјави Венгер.

- Оглас -

Најнови вести