Војќех Шченсни, голманот на Јувентус, своевремено бил страстен пушач и не го криел тоа, но во периодот кога бранеше за Арсенал прекршил едно правило, по што добил парична казна. По еден пораз, Полјакот бил нервозен и не можел да идржи, се скрил во еден дел од соблекувалната и запалил цигара, по што Венгер морал да му одреди санкција.
„Еден период редовно пушев цигари, а Венгер знаеше за тоа и не му пречеше. Но, имаше едно правило во Арсенал, а тоа е дека е забрането пушење во соблекувалната. По еден натпревар загубивме и јас бев многу нервозен, морав да запалам цигара и го сторив тоа. Мислев дека добро бев скриен каде што се наоѓаа туш-кабините, меѓутоа некој забечежал и ме издаде кај тренерот. Неколку дена подоцна Венгер ме праша дали е тоа вистина и му признав, па следуваше парична казна“, откри полскиот репрезентативец.