31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Венгер не одолеа на понудата од Арапите

Прославениот француски стручњак Арсен Венгер во јануари повторно ќе се најде на тренерската клупа и потпиша согласност со Саудијците да ги води играчите од Ал-Хилал и Ал-Наср на пријателскиот натпревар против Пари Сен Жермен. Неофицијално, Венгер за водењето на саудискиот „супертим“ на дуелот против Меси, Нејмар, Мбапе и друштвото ќе добие дури 2 милиони долари.

Венгер, кој има 71 година, веќе три години нема работено како тренер откако го напушти Арсенал, на чиј клупа беше повеќе од две децении. Сега ја предводи комисијата на ФИФА за развој на фудбалот. Тој ќе направи комбинација од играчи од двата познати клуба од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести