Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој сега е директор за развој на фудбалот во ФИФА, планира воведување на нови седум правила кои треба да донесат револуција во фудбалот.
Англискиот весник „Дејли Мејл“ имаше увид во новите идеи на Венгер кои на многумина нема да им се допаднат бидејќи се најконтроверзни од сите досега споменувани.
Една од идеите е на Венгер е да се запре времето кога ќе дојде до прекин, и фудбалот да наликува повеќе на кошарка. Според Французинот, најава за имплементација на ова правило беше Светското првенство во Катар каде судиите полувремињата знаеја да ги продолжат и по 10-тина минути поради повреди, измени, паузи…
Втората идеја се бонус бодовите, со цел да се натераат екипите да играат поофанзивно. Според предлогот на Венгер, ако некоја екипа даде повеќе од пет гола на еден натпревар, тогаш таа за победата би добила четири наместо три бода. Доколку натпреварот заврши без победник, тогаш Венгер смета дека треба да се изведуваат пенали и победникот да освои екстра бод. Вакво нешто има во хокеј на мраз, каде доколку и по продолженијата нема победник, се изведуваат пенали.
Уште еден предлог е позајмен од други спортови, ракомет и хокеј на мраз, а тоа е исклучување на одредено време, каде фудбалерите за прекршоците што се помеѓу жолт и црвен картин, би биле привремено испратени на „ладење“. Тие би седеле покрај теренот од каде ќе чекаат дозвола од судијата да влезат во игра.
Следните две правила се однесуваат на прекините, и предлот на Венгер е во иднина аутот да се изведува со нога, а при изведување на слободен удар, фудбалерите би можеле да „тргнат со топката“ наместо да шутираат кон голот или да ја додадат на соиграч.
Последното правило е поврзано со ВАР технологодија, односно во иднина многу повеќе ситуации би се проверувале, а не само четири колку што моментно е дозволено.