Венгер од љубов кон Арсенал одбил да биде тренер на други клубови во Премиер лигата

Арсен Венгер, легендарниот поранешен менаџер на Арсенал, веќе една и пол година е без работа. Францускиот тренер реши да си замине од Топчиите во мај 2018 година, откако помина неверојатни 22 години како предводник на лондонскиот тим.

Венгер откри дека летово имал понуди да се врати во Премиер лигата и повторно да биде тренер, но морал да ги одбие.

„Решив дека по заминувањето на Арсенал, никогаш повеќе да не бидам тренер во Премиер лигата. Премногу сум поврзан со Арсенал. Имав можност да се вратам во Англија, но ги одбив сите понуди. Не сакам да кажам за кои клубови се работи бидејќи тие сега си имаат свои менаџери и нема да биде чесно кон нив ако ги именувам“, рече Венгер.

Како предводник на Арсенал, Венгер се радуваше на три титули во Премиер лигата, а освои и седум трофеи на ФА. Незаборавна му е сезоната 2003/04, кога заврши без ниту еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести