Ливерпул има седум бода предност пред Арсенал после 25-тото коло во Премиер лигата, па легендарниот тренер на „топчиите“, Арсен Венгер, ѝ дава мали шанси за трофејот на својата поранешна екипа.
„Оваа сезона веќе се одиграни 25 натпревари, а Ливерпул загуби само еден меч. Тие мора да загубат најмалку три од преостанатите 13 натпревари до крајот на сезоната. Во моментов ова изгледа малку веројатно, освен ако не им се случи целосен колапс. Има само еден фаворит за титулата, а Арсенал треба да направи перфектна серија, да ги победи сите натпревари до крајот, за да има шанса да се надева. Се молам за ова, но се чини дека треба подобро да се молам.“ – рече Венгер.
Арсенал последната титула во Премиер лигата ја освои во 2004 година.