Венгер се јави по блесокот на Мбапе: Можев бесплатно да го донесам во Арсенал

Не стивнуваат пофалбите на адреса на Килијан Мбапе по неговиот блескав настап против Барселона и неговиот хет-трик во победата од 4-1 за ПСЖ во првиот осминафинален дуел. Дефинитивно Мбапе ќе биде предводникот на новата генерација фудбалски ѕвезди, сосема заслужено го возвишуваат до нивото на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

По неговиот блесок, се јави Арсен Венгер, легендарниот менаџер на Арсенал кој моментално е оперативец во таборот на ФИФА. Тој вели дека во 2017 година можел бесплатно да го донесе Мбапе на „Емирати“, но сегашната ѕвезда на ПСЖ стана уште еден во низата таленти кои Французинот не успеал да ги ангажира.

„Бев дома кај Мбапе во периодот кога уште беше во дилема дали да го продолжи договорот со Монако. Можевме да го доведеме без отштета, но тој не прифати“, посочи Венгер.

Слични искуства имаше со неостварените трансфери на Кристијано Роналдо, кој во 2003 година го одбра Манчестер јунајтед, како и Златан Ибрахимовиќ, кој како младинец одби да оди на проба во Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести