Некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, во интервју за една спортска телевизија рече дека повеќе пати во кариерата одбивал понуди да го преземе Реал Мадрид.
„Жалам што можеби во име на лојалноста, жртвував да освојам некои важни трофеи. Но, тогаш чувствував дека Арсенал е перфектното место за мене и си велев зошто да ризикувам и да одам некаде каде што ќе бидам помалку среќен. Ова е причината што повеќе пати го одбив Реал Мадрид. Таму немаше да имам толку голема моќ во донесувањето на одлуките како во Арсенал. Затоа решив да останам во Арсенал, иако ако си заминев, на пример во Реал, веројатно ќе освоев повеќе трофеи“, изјави Венгер.
Венгер лани во јуни си замина од Арсенал, клубот чиј прв тим го водеше цели 22 години. Во последно време Венгер го поврзуваат со неколку големи европски клубови, но тој е без тренерски ангажман.