Венгер со револуционерен предлог: Светско првенство да има на секои две години!

Францускиот фудбалски стручњак Арсен Венгер, кој е поранешен долгогодишен тренер на Арсенал, а сега работи во ФИФА како советник за глобален развој на претседателот Џани Инфантино, смета дека треба да разгледа опцијата светските првенства да се играат на две, наместо на сегашните четири години.

Според Венгер, четиригодишното раздобје помеѓу два Мундијали е неправено кон фудбалерите.

„Ако ги погледнете екипите на СП, просечната старост на играчите е 27 или 28 години. Тоа е така бидејќи шампионатите се на секои четири години и мали се шансите повторно да го освоите, бидејќи би биле во поодминати години. Затоа можеби би требало СП да се организира на секои две години“ – изјави Венгер кој во минатото искажа многу критики за Лигата на нации на УЕФА, и поборник е за идејата дека најважни се светските и европските првенства и нив мора да им се посвети најголемо внимание.

„Треба да се отфрлат другите репрезентативни натпреварувања, нека останат само најважните. Квалификациите не треба толку да се развлекуваат. Наместо да се игра во термини во октомври, ноември, март, јуни, нека бидат само во октомври и февруари со повеќе мечеви, така и играчите и клубовите би биле посреќни“ – додава Венгер.

- Оглас -

Најнови вести