Венгер за пеналот на Интер: Жестоко се противам против таквите пенали

Интер и Барселона играат анталогиско полуфинале во Лига на шампиони во Милано. Откако првиот меч во Барселона заврши со резултат 3:3, вечерва и на „Џузепе Меаца“ беше 3:3 по 90 минути игра, па победникот ќе биде решен по продолженија или можеби и по изведување на пенали.

Интер водеше со 2:0, Барселона направи целосен пресврт за водство од 3:2, но домаќините со гол во 90+3 минута стигнаа до 3:3.

Легендарниот тренер Арсен Венгер прв го коментираше дуелот во Милано, а посебно се фокусираше на голот кој Интер го даде од пенал за водство од 2:0. Францускиот стратег вели дека тоа не требало да биде пенал.

„Жестоко се противам против таквите пенали. Истотака сум против користење на забавена снимка. Тоа беше одличен старт во вистинска брзина на играта. Кубарси прв дојде до топката и тоа според мене е најважното. Не е важно дали имало контакт“, рече Венгер.

- Оглас -

Најнови вести