Францускиот тренер Арсен Венгер, кој сега е дел од комисија за развој на фудбалот во ФИФА, изрази жалење што истекува времето на доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
„Никогаш претходно немавме видено такви играчи, кои толку креативно излегуваа на крај со секоја тешка ситуација на теренот. Но, времето им истекува и веќе можеме да говориме за следното поколение на суперѕвезди. Во преден план може да излезат Французи. Лидер може да стане Килијан Мбапе, а се разбира не смее да го заборавиме и Нејмар. И во Англија има големи таленти, на ЕП ќе бидат меѓу кандидатите за трофејот” – вели Венгер.
Во последните 12 години, Меси освои шест, а Роналдо пет Златни топки, единствено Лука Модриќ во 2018 ја наруши доминацијата на Аргентинецот и Португалецот.