Венус Вилијамс и официјално му се врати на тенисот по пауза од 16 месеци, и тоа со победа од максимални 2-0 (6-3 и 6-1) во конкуренција на двојки заедно со Хајли Баптист. Тие славеа над Еугени Бушар и Клер Нгонуе во осминафиналето на турнирот во Вашингтон.
„Го обожавам овој спорт и сè уште силно можам да удрам. Мислам дека уште по првиот поен знаевме дека ќе бидеме добар пар. Само требаше да почнеме да играме порано, пред неколку години, нели? Мислам дека Серена само ми пречеше“, рече Венус.
Четириесет и петгодишната тенисерка денес ќе настапи и во поединечна конкуренција, а за противничка ја има сонародничката Пејтон Стернс.