7.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Верата му забрани да игра против Јувентус, во тие часови не смее ниту да се работи, ниту да се патува

Вилјареал на свој терен одигра 2:2 против Јувентус во меч од второто коло во Лигата на шампионите. Шпанскиот тим водеше со 1:0, потоа губеше со 1:2, а на крајот треба да е задоволен што не загуби од Старата дама затоа што израмни во 90-тата минута.

На овој меч, во редовите на Вилјареал го немаше израелскиот интернационалец Манор Соломон. Тој не е ниту повреден, ниту скаран со тренерот, туку поради верски причини остана надвор од составот за пресметката против Јувентус.

Од вчера попладне до денеска приквечер трае Јом Кипур, најважниот и најсветиот ден во еврејскиот календар. Самиот Соломон преку социјалните мрежи потврди која е причината зошто го немаше во составот против Јувентус, а тоа е поради еврејскиот празник.

За време на Јом Кипур, кој трае од среда навечер до четврток навечер, верниците строго се придржуваат кон постот, молитвата и целосното откажување од работата и физичкиот напор, што вклучува и забрана за настап на спортски настани. Религиозните норми забрануваат и работа и физички напор и користење на транспорт, што значи невозможност за појавување на стадионот или играње на натпревар.

Интересно е што во слична ситуација беа и фудбалерите на Макаби Тел Авив, кои вечерва од 21 часот на неутрален терен во Бачка Топола ќе играат против Динамо Загреб. Домашните фудбалери на Макаби од синоќа не смеат ништо ниту да јадат ниту да пијат, а така ќе биде до два часа пред мечот со Динамо ,кој започнува од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести