Неочекуван проблем се појави во тимот на Вердер, откако еден играч ќе мора да оди во двонеделна изолација, откако беше потврдено дека еден член на неговото семејство има Коронавирус. Во првото коло по рестартот на Бундеслигата, Вердер в понеделник на свој терен ќе игра против Баер Леверкузен.
Оваа одлука за фудбалерот да оди во карантин е превентивна, затоа што во досегашните пет тестирање на сите членови од Вердер, беше потврдено дека немаат зараза од опасниот вирус.
„Одлуката да оди во карантин беше донесена во консултации со здравствените власти во Бремен. Никој од нашата екипа не е под закана од опасниот вирус. Тоа потврдува дека медицинскиот протокол функционира одлично и дека ако случајно некој е заразен, тоа ќе моѓе да се открие во рана фаза“, стои во соопштението од Вердер.