На помалку од 24 часа до стартот на второто коло од Спортската прогноза на Sport Life, играчите веќе ги имаат своите фаворити. Колото започнува со дуелот Шефилд јунајтед – Евертон утре во 13:30 часот, но викендов најголемо внимание привлекува дербито на Премиер лигата помеѓу Арсенал и Манчестер јунајтед.
Играчите на Спортската прогноза фаворитската улога му ја доделија на Арсенал со изненадувачки висок процент од 62,66%. Една петтина или 20,91% типуваат на нерешено, додека 16,43% фаворитската улога му ја доделија на Манчестер јунајтед.
Според играчите, најголем процент има екипата на Вердер Бремен во дуелот против Мајнц со 70,54%. Од гостинските екипи, најголеми фаворити се Рен во дуелот против Брест и Атлетик Билбао против Мајорка.
Најголем процент за нерешено има дуелот Ле Авр – Лориен, дури 54,02%.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.