Вердер и Шалке 04 ќе ја урнат традицијата на „Везер“ во Бремен

Ајнтрахт – Волфсбург (15.30 часот)

Во последните три години мојот поранешен тим Ајнтрахт тешко излегува накрај со Волфсбург и има само една победа на шест меча, но очекувам денеска победнички да се справи со незгодниот ривал.

Ајнтрахр повторно, како и лани игра убав, атрактивен фудбал, иако го смени цел напаѓачки ред. Волфсбург е во криза и има четири меча без победа, па ќе типувам дека денеска серијата ќе стаса и до петка.

Ајнтрахт има шанса да се вклучи во битката за места што водат во европските купови и ќе ја искористи во ефикасен меч.

Предлог тип: 1&3+ (3.10)

 

Баер Леверкузен – Фрајбург (15.30 часот) 

Фрајбург е пријатно изненадување во досегапните 11 кола во Бундеслигата и игра одлилно, а ефектот од 21 бод на четвртата позиција малку кој го очекуваше.

Имаат солиден состав, со неколку таленти, меѓу кои особено се ситакнува најдобриот стрелец на последното младинско Европско првенство, Џанлука Валдшмит.

Баер Леверкузен како уште да ја бара посакуваната форма, игра нестабилно и иако е фаворит против Фрајбург, ќе избегнам да типувам конечен резултат и ќе одиграм на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.15)

 

Унион Берлин – Борусија Менхенгладбах (15.30 часот)

Унион Берлин солидно ги минува првите искуства во Бундеслигата во дебитантскиот настап и со две победи по ред покажа дека нема да се предаде, иако е меѓу кандидатите за испаѓање.

Имаат спектакуларна атмосфера на секој домашен меч и на лидерот Борусија нема да и биде лесно во Берлин, но тука ќе типувам на квалитет.

Гостите имаат подобар тим, играат одлично во новата сезона и се на врвот, со најмногу победи засега. Имаат осум, а јас ќе типувам дека ќе си заминат од главниот град и со деветтиот триумф сезинава.

Предлог тип: 2&3+ (3.10)

 

Вердер – Шалке 04 (15.30 часот)

Вердер нема победа на последните пет меча, од кои четири му се нерешени, а и Шалке 04 е мераклија за реми, со три од последните пет меча што ги одигра без да победи, или да загуби.

Двата состави имаат долго искуство со настапите во Бундеслигата и интересно немаат одиграно нерешено на 9 меча по ред меѓусебе, или од 2014 година.

Очекувам традицијата денеска да падне и ќе типувам дека мечот во Бремен ќе заврши нерешено.

Предлог тип: Х (3.50)

 

Лајпциг – Келн (15.30 часот)

Лајпциг влезе во одлична форма, па се гледа веќе и делото на еден од најдобрите млади тренери во Европа, Јулијан Наглесман.

Тимот игра атрактивно, исто како што тоа беше случај со Хофенхајм во ерата на Нагелсман. Според мене Лајпциг моментно игра најубав фудбал во Бундеслигата и е пресилен за Келн.

Популарните „јарци“ го сменија тренерот, но тешко дека ќе можат да сменат нешто набрзина во играта и во резултатите.

Очекувам победа на Лајпциг со најмалку три погодоци на „Ред Бул арена“.

Предлог тип: 1&3+ (1.68)

 

 

- Оглас -

Најнови вести