Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, ќе биде отворено сè до сабота во 14 часот, кога започнува првиот натпревар од понудата.
Она што може да се заклучи од досегашните типувања на играчите е дека Вердер Бремен и Удинезе се сигуриците за викендов со „поддршка“ од над 80% од играчите.
Сепак, најголемо внимание привлекуваат дерби-дуелите во Премиер лигата и Серија А, како и португалското дерби помеѓу Порто и Бенфика.
Само 20% од играчите очекуваат победа на Челзи над Ливерпул, додека околу 40% сметаат дека Црвените ќе одиграат нерешено или ќе победат.
Слични се процентите и за мечот на Јувентус и Милан, и тоа во корист на Старата дама, додека во Португалија фаворитската улога ја има Порто со речиси 70% од типовите на играчите на Спортската прогноза.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.