1816 Вердер Бремен – Хановер (20:30ч, Цвајта)
Втората германска лига стартуваше со дуелот на двата поранешни бундеслигаши, во кој Хамбургер на гости го надигра Шалке со 3-1, а за вечерва е предвиден уште еден таков меч на експрволигаши. Вердер нема да дозволи разочарување на свое тло и уште во првото коло ќе го најави својот експресен камбек во елитата.
Тимот од Бремен памети речиси перфектен биланс против Хановер со четири победи и реми во последните пет меѓусебни средби во сите конкуренции. Иако две од тие победи се во пријателски рамки, тоа само го потврдува квалитетот на Вердер, кој пак на крајот од подготовките забележа пораз од Феенорд, за разлика од Хановер кој едвај еднаш победи во шест контролки.
Предлог тип: 1 (1.95)
1718 Тулуз – Ајачио (19ч, Лига 2)
Тулуз треба да отвори со позитивен резултат и да биде еден од фаворитите за камбек во француската елита. Како трикратен освојувач Лига 2, Тулуз ќе треба да заборави на неуспехот од минатата сезона кога загуби од Нант во финалето од плејофот, а за да се врати меѓу најдобрите француски екипи ќе мора да стартува со триумф над Ајачио.
Домаќините забележаа двојна победа над Ајачио со 1-0 и 3-0 минатата сезона, одржувајќи го перфектниот учинок од вкупно осум победи во последните неколку меѓусебни средби.
И двете екипи не може да се пофалат со посебно добри подготовки, но се очекува далеку подобар пристап во овој меч отколку во конторолките.
Предлог тип: 1X & 1-3 (1.88)
3204 Рубин Казан – Спартак Москва (19ч, Русија Премиер лига)
Руското првенство стартуваше со гостински триумф на Динамо Москва, а во вториот ден од првото коло се игра интересен меч во кој се очекуваат голови.
На четири од последните пет меѓусебни дуели меѓу Рубин и Спартак просечно се постигнувале над два погодоци, а тимот од Москва во подготовките славеше со убедливи 4-0 пред само една недела. Дека ќе се тресат двете мрежи, ветува билансот на овие две екипи во кој само еднаш немало голови на последните 10 меѓусебни пресметки.
Предлог тип: 3+ (1.97)
2801 Алборг – Митјиланд (18ч, Данска Суперлига)
Данскиот вицепрвак со разочарување стартуваше во новата сезона, додека Алборг ремизираше во првото коло. Тоа значи дека двете екипи се во потрага по првиот овосезонски триумф и не се остава простор за поделба на бодовите.
Митлијанд доби три од последните пет меѓусебни средби против Алборг, вклучувајќи ја и гостинската победа од февруари годинава со 2-0. Во секоја од натпреварите во кои имаше победник, просекот на голови е над два, па нека биде така и во оваа средба.
Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.71)
2702 Хелсинки – Хака (16ч, Финска Прва лига)
Непобедливата серија на Хелсинки застана по 12 кола со поразот од 1-2 на гости кај Оулу, но лидерот во финското првенство е подготвен да се врати на победнички патеки.
ХЈК како домаќин ги доби последните четири меча против Хака, додека од 2008 година не памети пораз од оваа екипа. Минатите меѓусебни пресметки ветуваат дека ќе има најмалку два гола.
Предлог тип: 1 & 1+пол. (1.82)