Вердер против Хајденхајм – Почнува двомечот за последниот билет во Бундеслигата

Вердер Бремен и Хајденхајм вечерва во Бремен на стадионот „Везер“ од 20.30 часот го почнуваат бараж-двомечот за последниот билет што обезбедува место во Бундеслигата за следната сезона.

Стандардно, во Германија подолг период меѓу себе играат третиот најлош тим од тековната сезона во Бундеслигата и третопаслираниот состав во Цвајта, а победникот ќе настапува во елитната лига со 18 клуба.

Седумнаесет од нив се веќе познати, па се чека исходот од бараж-двомечот што ќе го играат Вердер и Хајденхајм, вечерва и на шести јули, кога екипата што никогаш не била прволигаш ќе се обиде да излезе како конечен победник.

Вердер е фаворит во двомечот, тимот од Бремен има многу поголемо педигре во Германија и четири титули национален шампион, а по еднаш на интернационалната сцена беше победник на Купот на УЕФА и на Интертото купот.

Хајденхајм како клуб се рефромираше во 2007 година и најчесто досега беше третолигаш и член на Втората лига, или популарната Цвајта. За првпат ќе играат двомеч за пласман во Бундеслигата, а се надеваат дека ќе го следат ланскиот пример на Унион Берлин, кога екипата од главниот град како второлигаш успеа да го елиминира Штутгарт и за првпат во клупската историја да настапи во Бундслигата.

Од сезоната 2008/09, кога се врати овој формат за пополнување на последното место во Бундеслигата, екипите кои влегуваа во бараж-двомечот како актуелни прволигаши имаа многу повеќе успех и водат со 8:3 против тимовите што го играле плејофот како третопласирани екипи во Цвајта.

Досега Вердер и Хајденхајм само двапати играле меѓусебни официјални натпревари и билансот во победи им е 1:1. Во 2011 година, во меч од Купот на Германија Хајденхајм го изненади денешниот ривал и го елиминира со триумф од 2:1, а Вердер лани им се реваншираше со победа од 4:1, исто така во меч од популарниот ДФБ покал.

 

- Оглас -

Најнови вести