27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Верен навивач на Арсенал требало да биде погребан во омилениот дрес, но девојка му направила страшен кикс! (Фото)

Од Англија дојде една необична и бизарна вест, голем навивач на Арсенал по грешка бил погребан во дрес на Челзи.

Покојниот Дејвид цел живот го сакал Арсенал, бил верен фан на Топчиите, па логично било и да го погребат во дрес на Арсенал. Но, во црквата се видело дека всушност Дејвид нема дрес на Арсенал, туку на лондонскиот ривал Челзи. Дури и свештеникот, кој знаел дека Дејвид навивал за Арсенал, бил збунет.

Тоа бил бел дрес на Челзи од сезоната 2002/2003, кога Сините на предната страна на дресот го имаа името на актуелниот спонзор на Арсенал.

Тој дрес Дејвид никогаш го немал облечено, но веројатно му бил подарен како на шега од некој пријател. Од толку дресови на Арсенал кои ги имал дома, вереницата го одбрала најпогрешниот.

- Оглас -

Најнови вести