Борусија Дортмунд и Лајпциг ремизираа при кончени 3-3 во дербито на 16-тото коло во Бундеслигата. Милионерите не го надиграа актуелниот лидер во германскиот шампионат иако во два наврати имаа резултатска предност, па Црвените бикови ја продолжија непобедливата серија на 11 меча без пораз во сите натпреварувања.
Избраниците на Луцијан Фавр во првите половина час од мечот стигнаа до двојна предност преку Вајгл и Брант, но расположениот Вернер продолжи со извонредната форма и само за шест минути во второто полувреме израмни на 2-2. Набрзо потоа Санчо погоди за 3-2 во корист на Дортмунд, а дури во 78-мата минута Шик го постави конечниот резултат.
Лајпциг по овој меч ќе остане лидер на табелата со 34 бода, Дортмунд има три помалку.
Останати резултати од 16-тото коло во Бундеслигата:
Аугсбург 3-0 Фортуна Дизелдорф, Унион Берлин 0-2 Хофенхајм, Вердер Бремен 0-5 Мајнц.