Вернер го промаши невозможното: Вака не се освојува Златна копачка (видео)

Баерн Минхен и Лајпциг ги поделија бодовоите во дербито без голови кое се одигра во рамки од 21-то коло во Бундеслигата. Црвените бикови ја одработија задачата да не загубат на „Алијанц арена“, но не ја презедоа лидерската позиција на табелата на која стојат Баварците со минимална бодовна предност, а воедно избраниците на Џулијан Налегсман ќе жалат за една пропуштена златна прилика со која можеа да ги освојат трите бода.

Се играше 63-тата минута кога гостите организираа одличен контра-напад, Нкунку одлично го проигра Вернер во шестнаесетникот и го доведе до позиција „еден на еден“ против Нојер, но германскиот голгетер го промаши целиот гол од непосредна близина. Ваква реакција е некарактеристична за еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата во изминативе неколку сезони, особено не од играч кој е во трка за Златната копачка во шампионатот и моментално е втор најдобар стрелец со 20 гола, веднаш зад Левандовски кој има 22 погодоци.

Неверојатното промашување на Вернер можете да го видите на следниот ЛИНК.

Претходно домаќините добија пенал по еден остар старт на Упамекано врз Левандовски, меѓутоа по консултација со ВАР-собата судијата Фриц ја смени одлуката поради офсајд позиција.

Баерн ќе остане на чело на Бундеслигата со 43 бода, Лајпциг има еден бод помалку.

 

 

- Оглас -

Најнови вести