Вернер ќе биде тајното оружје на Лајпциг во дербито против шампионот Баерн

За првпат во новата сезона на Спортска прогноза издвојуваме првенствени натпревари од најдобрите лиги во Европа. Репрезентативната пауза се покажа како тежок предизвик за сите прогнозери, па затоа клупскиот фудбал е нова шанса да се дојде до посакуваниот број погодени дуели со кои може да се освои една од наградите на Спортска прогноза.

Меѓу поинтересните мечеви од вкупно 13+2, секако, е дербито од четвртото коло во Бундеслигата меѓу Лајпциг и Баерн Минхен, кое во сабота (18:30ч) ќе се игра на „Ред Бул арената“. Токму на тој стадион Баварците имале потешкотии во обидот да освојат бодови. Откако Лајпциг се придружи во елитното германско друштво, трипати го пречека гигантот и неприкосновениот тим од Минхен, а само еднаш дозволиле да ги разочараат своите навивачи.

Ако некој може да му се закани на големиот Баерн, тоа е Тимо Вернер. Германецот и најави плодна сезона по одличниот старт на сезоната, во три меча запиша пет погодоци, што го прави втор стрелец засега во шампионатот зад опасниот Левандовски. Иако неговиот учинок против Баерн не е посебно добар (три гола во вкупно осум дуели), тој ќе биде тајното оружје на Лајпциг во обидот да го урне германскиот шампион.

Во досегашниот тек од сезоната во германското првенство, Лајпциг е единствениот тим со подобар учинок од шампионот. Биковите имаат максимални девет бода по три кола, додека избраниците на Нико Ковач по ремито со Херта во првото коло нанижаа две убедливи победи против Шалке и Мајнц.

Овој дуел воедно е реприза на минатосезонското финале во германскиот куп, во кое славеше Баерн со 3-0, додека вкупно во осум меѓусебни средби, Баварците славеа во шест од нив, додека еден триумф му припаѓа на Лајпциг, а само во една пресметка не се издвоил победник.

Првиот меч се игра в сабота, на 14 септември во 15.30 часот и тоа е последниот рок во кој можете да типувате. Последната средба е закажана за понеделник од 21 часот.

Спортската прогноза во организација на Спорт Mанија и Sport Life викендов продолжува со втората сезона. Прогнозирањето е бесплатно, со тоа што може да се учествува само со Sport Life картичка и на интернет-страницата на најдобрата спортска обложувалница во Македонија.

Принципот е едноставен и има неколку чекори до успешна прогноза. Кликнете на следниот линк: ПРОГНОЗА, логирајте се со вашето корисничко име и лозинка на интернет-страницата на Sport Life.

Откако ќе кликнете за прогнозирање, ќе треба да го внесете бројот на вашата СЛ картичка. Потоа со клик на знакот што ќе го одиграте и за финиш на успешно завршената мисија само треба да ја снимите вашата прогноза и да бидете прецизни во типувањето.

Резултатите и пласманот во секое коло, но и во Генералниот пласман ќе можат да се следат прегледно на страницата на Sport Life и со дополнителни информации на нашиот портал Спорт Манија.

Првата награда за погодени 13 двојки во основната понуда во секое коло ќе биде мобилен телефон I-Phone XS. Втората награда за 12 погодени парови е ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за единаесетка ваучер од 500 денари. Ќе има награди и изненадувања и во Генералниот пласман за најуспешните прогнозери, па затоа е важно да се учествува од самиот старт и да се биде редовен прогнозер.

- Оглас -

Најнови вести