Вернер: Не жалам што го одбив Ливерпул!

Напаѓачот на Челзи, Германецот Тимо Вернер, откри дека кога замина од Лајпциг во 2020 година, имал можност да премине вo Ливeрпул, но ja избрал понудата на Сините од Лондон.

„Ливерпул беше една од варијантите, но се одлучив за Челзи. Минатата година ја освоивме Лигата на шампионите, така што, изборот не беше лош“ – вели 26-годишниот Вернер, кој уште има проблеми да се адаптира на Премиерлигата, често е резерва во тимот чиј тренер е негов сонародник, и повеќе внимание привлекуваше со утки, отколку со голови.

- Оглас -

Најнови вести