Вернер по 100 дена и 1.000 минути суша, конечно даде гол во Премиер лигата (Видео)
Скапото засилување на Челзи конечно ги израдува навивачите на Сините.

По 100 дена, 14 меча, 31 шут кон противничките голови и 1.000 одиграни минути без постигнат гол, германскиот напаѓач Тимо Вернер конечно погоди во Премиер лигата. Вернер ја затресе мрежата на Њукасл за водство на Челзи од 2-0 и за скапото засилување на Сините од Лондон ова е прв подогок од ноември наваму.
Првиот гол го даде Оливие Жиру, кој влезе во игра на местото на повредениот Абрахам. Французинот по 100-ти пат влезе во игра како резерва.