Верноста со Реал ја продолжи фудбалерот кој цела кариера е во Кралскиот клуб

Дефанзивецот на Реал Мадрид Начо Фернандес го продолжи договорот на уште една сезона со шпанскиот гигант. Новиот договор на Начо е до јуни 2024 година.

Начо е „дете“ на Реал Мадрид. Уште како 11-годишно момче пристигна во школата на Реал и цели осум години се докажуваше, а во 2009 година заигра за Реал Мадрид Б. Во 2011 година дебитираше за сениорскиот тим и вкупно одигра 319 мечеви во сите натпреварувања.

Со Реал Мадрид досега освои повеќе од 20 трофеи во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести